Камионски навигациинаведените модели се погодни за примање и испраќање пораки во GPS infonet системот

Garmin dēzl™ 560LMT

Ова е моментно најдобрата навигација наменета за камиони, со богат избор на функции битни за возачот. Мапата што е инсталирана во уредот ги содржи сите најважни информации, како што се висината на мостовите, ширината на патиштата и пролазите, а исто така ги содржи посебните точки ид интерес за камиони, со попис на сервиси во случај на дефект. dēzl 560LT автоматски ги следи изминатите километри и така го информира возачот кога е време за сервис на камионот. Исто така, уредот ја следи и потрошувачката на гориво. Големиот 5-инчен екран чувствителен на допир овозможува лесно користење на функциите Lane Assist (избор на возна лента) и Junction View, која овозможува фото-реалистичен приказ на секоја претстојна раскрсница, кружен тек и излез од автопатот.

Garmin dēzl 560LT има Bluetooth ® бежична комуникација, гласовна навигација, функција „Каде сум?“, фотонавигација, видео влез за вклучување задна камера и може да се користи за примање и испраќање пораки помеѓу возачот и диспечерот, потполно бесплатно преку нашиот GPS infonet систем.


Останете поврзани со нас за најновите информации!