Основни функции на системот GPS infonetПогледнете ги некои од основните функции на нашиот систем

  •    

    WEB апликација

  •    

    Следење во живо

  •    

    Историја

  •    

    Извештаи

  •    

    Настани

  •    

    Комуникација

  •    

    Борд компјутер

  •    

    Мапи

  •    

    Точки од интерес

  •    

    Оддржување


Не ви е потребна никаква инсталација на софтвер!

Вие ќе треба само да отидете на нашите сајтови www.gps-infonet.com.mk или www.navigacija.mk и да го внесете вашето корисничко име и лозинка.

Ќе ви се отвори web апликацијата на GPS infonet системот, од каде што ги бирате саканите опции за контрола на вашите возила.

Додека ја користите нашата web апликација, можете да кликнете на прашалникот во десниот горен агол, каде што ќе најдете детално упатство за сите најважни опции на GPS infonet системот.

Оваа опција се користи за следење на возилата во живо. Тука можете да ја видите листата на Вашите возила, да го видите нивниот статус (дали моторот работи или не), можете да ја видите брзината со која се движат, моменталната количина на горивото во резервоарот, вкупно потрошеното гориво, километражата, вртежите на моторот и други информации.

Оваа опција се користи ако сакате да ја видите патеката на движењето на возилата, во временски интервал кој Вие ќе го одберете. Можете да видите каде било Вашето возило, со која брзина се движело, каде и колку време било паркирано, колку литри гориво имало во резервоарот во секоја снимена позиција, а дадени се и вртежите на моторот, така што лесно може да се исконтролира возењето на возачот. Во историјата е можно да се добијат и графикони за горивото и за сите други важни параметри, така што на едноставен начин може да се дознаат местата каде, кога и колку литри се наполнети или евентуално извадени.

Има повеќе типови извештаи. На пример од стандардниот извештај може да се види времето кога возилото го почнало, т.е. го завршило возењето и колку време и km се возени во денот, потоа колку изнесува просечната потрошувачка на гориво и колкав е трошокот за потрошеното гориво и друго.

Можете да генерирате разни настани, за кои ќе бидете едноставно и брзо информирани на вашито е-mail или мобилен телефон. Така на пример можете да генерирате настан кога некое ваше возило ќе влезе во или ќе излезе од некоја гео-зона, претходно означена од вас на мапата.

Исто така можете, на пример, да зададете ограничување на брзината на вашите возила, па така кога некое возлио ќе ја прекорача од вас дозволената брзина, за овој настан да бидете бесплатно известени преку е-mail или да добиете SMS порака на вашиот мобилен телефон.

Системот овозможува двонасочна комуникација меѓу диспечер/возач, преку Garmin навигациски уреди. Можете да испраќате и примате неограничен број пораки и тоа целосно бесплатно!

Освен праќање пораки, диспечерот има можност да испрати на возачот цела рута, така што навигацијата ќе го одведе возачот на саканата цел, без тој да внесува адреса или слично.

Оваа опција на GPS infonet системот заштедува многу пари кои би се потрошиле за телефонска и друга комуникација помеѓу диспечерот и возачот.

Доколку има можност, а на барање на клиентот, ние можеме да го поврзиме нашиот GPS уред со борд компјутерот на возилото, преку интерфејсот наречен CAN Bus (controller area network). Од таму можеме да ги добиеме сите најважни информации, како на пример точната километража, брзина на движење, вртежи на моторот, нивото на горивото, просечната потрошувачка на гориво, па дури и вкупното потрошено гориво од како е произведено возилото!

Речиси сите понови возила имаат CAN Bus интерфејс, а таму каде што податоците за гориво се „заклучени“ (како на пример кај Volvo и Renault камионите), ние вградуваме CAN Bus конвертор за читање на податоците за горивото.

За конфорна работа со нашиот систем, на располагање ви се патна и сателитска мапа, со голема прецизност и деталност. Покриени се сите држави во Европа, а за Македонија ние имаме направено и наша, најдетална и најточна мапа, како резултат на повеќе од 10 годишен труд на нашиот тим.

Точки од интерес (Point Of Interest) се користат за означување на најважните точки на мапата. Со нив ги именувате оние места на мапата, кои ви се од посебна важност. Кога веќе еднаш сте внеле некоја точка од интерес, истата ќе биде прикажана во извештаите за движењето на возилото, со давање точна информација кога возилото дошло кај точката од интерес, кога заминало од местото и колку вкупно време престојувало кај таа точка од интерес.

Ова е особено корисна опција за сите дистрибутерски фирми, како и разни служби кои треба да посетат одредени места (на пример комунална служба, која треба да го собере сметот).

Оваа опција се користи доколку сакате системот да ве потсети кога треба да смените масло, филтер, гуми или нешто друго во вашето возило. Постои можност системот автоматски да ја зема изминатата километража од CAN Bus-от и навреме да ве извести кога треба да направите сервис на возилото.

Останете поврзани со нас за најновите информации!